Чекате на аеродром да дојде време за вашиот лет и помалку ви е досадно? Ако имате среќа да сте на аеродром каде што е поставен клавир можеби ќе можете да го скусите времето со импровизирам концерт.
Во последно време се повеќе аеродроми ставаат клавири во салите за чекање и тие се на располагање на патниците кои чекаат понекогаш со часови.
Најголем број од патниците се разбира не се музичари, но често се наоѓа некој кој е спремен да го сподели својот талент со луѓето што чекаат.
Таква прилика имаа патниците на аеродромот во Прага кои чекале заедно со Малтежанецот Маан Хамадед кој со радост седнал на клавирот и ја интерпретирал славната “Елиза” од Бетовен.
Музичарот не се задоволил само со класичната верзија на “Елиза” и свирел дванаесет различни верзии на композицијата кои ги воодушевиле патниците. На крајот неговиот мал концерт завршува со музиката од филмот “Титаник” – “My heart will go on».
Повеќе француски железнички станици и аеродроми се веќе опремени со клавири и покана до патниците да го покажат својот талент и да го разубават патувањето на сите.