НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детската клиника доби реновиран оддел за онкологија

0
By Соња Крамарска on April 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целосно е реконструиран Одделот за онкологија на Унивезитетската клиника за детски болести. Со комплетното реновирање, извршено со донација од 260 илјади евра од компанијата „Макстил“, во одделот се поставени нови системи за вентилација и за технички гасови, реновирани се сите болнички соби и просториите за медицинскиот персонал, обновена е електричната инсталација, како и дел од водоводната и канализациската мрежа, а поставен е и нов медицински под на површина од 400 квадратни метри.

„Детската клиника доби реновиран оддел за онкологија, кој е еден и единствен на ниво на регионот и ќе ги згрижува сите деца болни од малигни болести, дали тоа ќе биде на крв или солидните органи, важно комфорот, условите и високиот квалитет на здравствена заштита што ќе го добијат, заедно со родителите и целиот персонал, ќе го удостои здравството и ќе го подигне на многу повисок чекор. Отвораме една нова страница во педијатријата и во здравството, затоа што третманите што ќе ги добиваат децата веќе ќе значат вон од третманот што го добивале досега и трансплантација за која во иднина ќе слушнете и многу набрзо ќе биде извршена и во нашата држава“ – истакна директорката на Универзитетската клиника за детски болести Аспазија Софијанова.

Никој, посочи таа, не посакува да има дете болно од канцер, меѓутоа ако веќе тоа се случи и емоционална и психолошка и комплетна медицинска поддршка ќе ја добијат тука на Клиниката за детски болести во мини болницата, која ја овозможија „Макстил“ и нејзините партнери, да уживаме денеска во задоволството дека и ние, рамо до рамо, ќе се носиме со здравствениот систем на целиот свет

Претседателот на Одборот на директори на „Макстил“, Димитар Цветковски рече дека соработката со Детската клиника трае подолго време. „Пред четири години дониравме специјален ехо-апарат, потоа следеше целосно реновирање на одделот за неонатологија и сега, по барање и во договор со клиниката, го предаваме во употреба и онколошкиот оддел“, потенцираше Цветковски.

 

Детската клиника оддел за онкологија реновиран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.