НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судиите Рибарев, Здравева и Мицевски останаа без судиските тоги, немаат веќе ни право на жалба

0
By Mirjana on April 7, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет одново  постапувајќи по трите предмети за утврдување одговорност кај судии, а за кои Советот за жалби при Врховниот суд претходно им ги укина решенијата, повторно донесе решенија тројцата судии Стојанче Рибарев , Сузана Здравева и Зоранчо Мицевски  да бидат разрешени од функцијата. Судскиот совет при одлучувањето, се наведува во соопштението,  се водел и од насоките на Советот за жалби.

Во едниот предмет напатствијата од Советот за жалби беа да се провери навременоста, преиначувањето, односно прецизирањето на барањето за утврдување одговорност, како и да се оцени дали судијата постапувал како судија или како В.Д. претседател на суд. Напатствијата  се испочитувани и Судскиот совет уште еднаш ги утврди околностите при повторената постапка и ја донесе својата одлука за разрешување затоа што се утврдени околности дека судијата сторил повреда на закон. Тој постапил спротивно на Законот за судовите, односно исклучил неколкумина судии од системот АКМИС при процесот на распределба на предмети и ги довел во нерамноправна положба судиите во судот во период кога истекувал рокот на СЈО за покренување постапки. Со тоа судијата ги пречекорил законските овластувања и постапувал нестручно и несовесно.

Во врска со вториот и третиот судија, чии постапки за разрешување исто така се одлучуваа по втор пат во Судскиот совет, Советот за жалби даде насока да се почитува принципот на индивидуализација на постапката, како и целосно да се утврди фактичката состојба. При повторената постапка пред Судскиот совет земени се предвид насоките на Советот за жалби. Инаку, едниот судија постапувал во предмет во кој едната странка била застапувана од адвокатска канцеларија во која бил вработен синот на судијата како адвокат со што судијата ги прекршил законските норми, односно постапувал нестручно и несовесно. Другиот судија во својство на В.Д. претседател пак, донел решение со кое не го изземал судијата од предметот, иако имал законска надлежност за тоа и знаел дека постои конфликт на интереси преку роднинските релации на судијата со адвокатската канцеларија. И овој судија постапил нестручно и несовесно.

Решенијата на Судскиот совет се конечни и тројца судии немаат право на жалба до Советот за жалби.

Судскиот совет денеска заседаваше и за други два случаи, со двајца судии, за кои НОВА дознава дека се од тетовскиот односно штипскиот суд  и против кои е поднесено барање за утврдување одговорност. Кај првиот судија е констатирано дека биле донесени две различни решенија за иста правна ситуација и применил различни законски одредби. Судскиот совет заклучи дека судијата постапувал несовесно и нестручно затоа што ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка. Затоа донесе решение за разрешување на судијата.

Во врска со вториот судија е утврдено дека ги прекршил одредбите на Судскиот деловник, како и на Законот за парнична постапка. Судијата не ги почитувал законските рокови за закажување и одржување на рочишта со што постапил нестручно и несовесно, се наведува во соопштението од Судскиот совет.

 

разрешени три судии Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.