НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Превозниците од земјите во „Отворен Балкан“ добија посебна лента на ГП „Прешево“

0
By Sashko on April 7, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за финансии во Владата на Србија, Синиша Мали денеска изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ има за цел значително да го забрза протокот на стоки и услуги, да создаде единствен пазар на труд и подобри деловни услови за компаниите, што неминовно ќе доведе до побрз економски развој и повисок животен стандард на граѓаните на земјите потписнички на договорот во рамките „Отворен Балкан“.

На влезната (српска) страна на граничниот премин Прешево – Табановце е поставен знак „Отворен Балкан“ со кој се означува лентата наменета за превозници на компании од Србија, од Северна Македонија и од Албанија со статус на овластен деловен субјект (АЕО).

Министерот Мали најави дека ќе се продолжи со спроведување на иницијативата „Отворен Балкан“, со цел да се олесни бизнисот и да се забрза протокот на стоки.

„Камионите не треба да чекаат со часови на границите, туку сите потребни процедури да се спроведат брзо и ефикасно“, нагласи министерот Мали и додаде дека на овој начин се слуша гласот на стопанството и влијанието на натамошното подобрување на економскиот амбиент.

Тој напомена дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за зајакнување на регионалната соработка и за зајакнување на нашите економии и потсети дека во рамки на наведената иницијатива се потпишани договори кои освен за олеснување на трговијата треба да придонесат и за соработка во областа на храната, фитосанитарната и ветеринарната инспекција.

Мали потсети и дека е потпишан договор со кој ќе се овозможи воведување на единствена работна дозвола меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, што ќе направи, како што нагласи, да сме уште попривлечни за инвеститорите, кои ќе можат да добијат работници од сите три земји.

„Ги решаваме прашањата што ја мачат економијата, како што се чекањето на границите и комплицираните административни процедури или недостигот на работна сила. Сето тоа се работи кои носат многу придобивки за сите земји членки на Отворен Балкан“, заклучи Мали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.