Ракетен напад во украинскиот град Краматорск.
При гранатирањето на железничката станица во Краматорск присутни биле околу 4.000 луѓе, од кои повеќето жени, деца и постари лица, изјави градоначалникот на градот.
Според извештаите на локалните медиуми, во нападот загинале најмалку 30 луѓе, а над 100 се повредени.
На проектилот што ја погоди железничката станица во Краматорск биле напишано „за децата“, пренесува Скај Њуз.
Се сугерира дека зборовите биле напишани од страна на руските сили, иако тоа тврдење не е потврдено од независен извор, потенцира Скај њуз.