НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Митко Мустачки Сокол- познат гитарист на повеќе рок состави

0
By Нова ТВ on August 10, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


По долго боледување денеска во Скопје почина Митко Мустачки Сокол. Соколот, како што го викаа неговите пријатели и музичари, беше познат гитарист на повеќе рок состави, меѓу кои и на Долар и Карамела.

Тој во еден период водеше и музичка те ве емисија со наслов „Старите добри времиња“ во кои, користејќи ја својата исклучително богата видео и аудио архива, направи вистински времеплов на добрата музика од македонските, поранешните ју простори и од светот.

Групата „Карамела“ е една од позначајните во македонската музичка сцена. Оформена е во почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, по водство на гитаристот Митко Мустачки Сокол. Првата формација на „Карамела“, покрај Сокол, ја сочинуваат уште и вокалистот Стојанчо Андонов-Тонка, басистот Слободан Капевски и тапанарот Љупчо Димитиевски-Семо. Бендот правеше музика под влијание на хардрокот од 1970-тите години, притоа внесувајќи малку помодерен метал-звук, со што креираше свој препознатлив звук, во кој предничеше токму несекојдневното и иновативно гитарско музицирање на Митко Мустачки-Сокол. Практично, „Карамела“ е еден од првите македонски метал-бендови што подоцна ѝ ја отворија вратата и ѝ го трасираа патот на помладата генерација што се интересираше за овој музички жанр. Нивни најпознати синглови од тоа време се песните „Дај ми нешто моќно“ и „Би сакал“, кои станаа генерациски химни.

Неговите колеги од музичката сцена неодамна организираа и хуманитарен концерт за финансиска поддршка на лекувањето, но болеста, за жал, беше посилна од големата волја на Соколот, неговите најблиски и другарите. Митко Мустачки Сокол остави силна трага на македонската рок сцена со своето одлично свирење на електрична гитара.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.