Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жилбер Беко – рекордерот по број на настапи во париската „Олимпија“

0
By Нова ТВ on August 11, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 11, 2014 13:24

автор: Михаел Мице Бошковски

Париската концертна сала „Олимпија“ е вистинска знаменитост на Париз и не случајно е ставена под заштита на државата и е најпрестижното место на кое настапуваат само највредните, најславните, најзаслужните.

Овој храм на уметноста потекнува од 1888 г. првин под името „Руски планини“, за да неколку години подоцна го добие сегашното име. „Олимпија“ е место каде што се одржувале, оперски спектакли, балетски претстави, циркуски акробации и кино проекции.

По Втората светска војна, особено кога за директор доаѓа Бруно Кокатри, „Олимпија“ прераснува во концертна сцена со околу 2.000 седишта на која гостуваат најславните француски и светски пејачи, групи и оркестри. Е кога на една ваква престижна сцена некој ќе настапи 33 пати и ќе биде рекордер по бројот на концертите, тогаш мора да се работи за многу значајна и популарна личност. Токму така, тоа е Жилбер Беко, еден од најзначајните француски шансониери, композитор, пијанист и актер.

Роден е на 24 октомври 1927 г. во Тулон како Франсоа Жилбер Леополд Сили. Од 9-годишна возраст посетува училиште за клавир во Ница. Кариерата како професионален музичар ја почнува по Втората светска војна како пијанист во ноќен локал. Интересна е приказната за аудицијата во ноќниот локал, кога газдата на локалот му рекол дека не може да го прими поради тоа што не носел вратоврска.

Кога тоа и го кажал на мајка му која била со него, таа скинала едно парче од долниот дел на фустанот кој бил во сина боја со бели точки, и тоа го врзал како вратоврска. Кога потоа го видел газдата дека носи вратоврска го примил да настапува во барот.

Бидејќи тоа бил неговиот прв професионален ангажман, во иднина на сите свои настапи носи син костум, бела кошула и сина вратоврска со бели точки како препознатлив имиџ.

Исто така, Беко е познат и по својот прекар „Господин од 100 илјади волти“, поради својот нескротлив темперамент. И клавирот на кој постојано настапувал, бил „посебен“. По негова нарачка едната „нога“ била скратена и малку бил навален. Тоа било видливо само за оние што знаеле и воопшто не им пречело на другите клавиристи што настапувале со него.

Поинтересен за публиката станува кога се запознава со Едит Пиаф (1915 – 1963) која уште во 1950 г. пее една негова песна. Таа ја почувствувала неговата енергија и талент и го „поттурнува“ да продолжи понатаму. Од 1952 настапува под името Жилбер Беко (презимето Беко го зема од својот очув).

Деби настапот во „Олимпија“ го има во 1954 г. со фантастичен успех. Потоа се оди во негова корист.

Се здружува со текстописецот Пјер Делано (1918 – 2006), соработува со Шарл Азнавур (1924 – ), одржува многу концерти и просто ја полудува младата публика. Неговите концерти честопати излегуваат од контрола со инциденти што сам ги предизвикува со скокањето по сцената, кршењето на клавирот и тн., а публиката му возвраќа со иста мера – ги крши седиштата и лудува заедно со него.

Но, како одминува времето, неговата волтажа се намалува, песните му се посмирени, посодржајни и со својот шарм и карактеристична насмевка се препушта во светот на шансоната која ја подига на ниво на уметност и му носи светска слава.

Првиот поголем успех во светски размери го постигнува со песните „Je t’appartiens“ – „Let it be me“, „Le jour où la pluie viendra“ – „The day the rains came“, „Et maintenant“ – „What Now My Love“, „Seul sur son étoile“ – „It Must Be Him“, „Un peu d’amour et d’amitié“ – „A Little Love And Understanding“.

Англиските препеви ги пеат славни пејачи како Френк Синатра, Ширли Бејзи, „Еверли брадерс“, Елвис Присли, Џејмс Браун, Сони и Шер, Џуди Гарленд, Енди Вилијамс, Боб Дилан, Нина Симон и многу други. Само песната „Et maintenant“ – „What Now My Love“, се смета дека е снимена во преку 150 верзии.

Беко издаде 15-тина студиски албуми и исто толку во живо сите од концертите во „Олимпија“. Снимил околу 400 композиции од кои како најпопуларен негов хит се смета „Натали“ на текст од Пјер Делано. Пееше и на други јазици, а и самиот беше вистински полиглот, течно зборуваше на шест јазици.

На филмското платно исто така остави траги во француската кинематографија и како актер и како композитор на филмска музика.

Во приватниот живот се женеше двапати и има пет деца. Добитник е на неколку високи одликувања: 1974 г. „Витез на легијата на честа“, 1983 „Командант на редот на уметноста“ и 1985 г. „Офицер на легијата на честа“.

Во 1997 настапи прв по неколкугодишната реконструкција на „Олимпија“ и за последен пат, со издание на албум во живо. Последниот студиски албум го сними две години подоцна. Почина како страсен пушач од рак на белите дробови на 18 декември во 2001. Погребан е во Париз.

И публиката во Скопје го имаше задоволството да го види и поздрави Беко. Тоа се случи на 26 април 1968 г. со концерт во Универзалната сала.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.