Околу 10 илијади Курди денеска демонстрираа по улиците на Стразбур, инсистирајќи Турција да го ослободи лидерот на Курдската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан, кој на турскиот остров Имрали ја издржува доживотната затворска казна. Тие бараа правда по убиството во Париз на трите курдски активистки, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на полициските извештаи во Стразбур.
Според организаторите, во протестот се вклучиле 45.000 лица.
Демонстрантите, пристигнати од неколку земји од Европа -Германија, Франција, Белгија, Холандија, Луксембург, носеа транспаренти со паролите „Слободен Курдистан“ и големи портрети на Оџалан.
На чело на протестната поворка одеа десетици жени со бели блузи со ликот на трите курдски активистки, убиени на 9 јануари во информативниот центар на Курдистан во Париз.
Демонстрантите носеа транспарент со натписот “Ние сакаме правда, ние сакаме отчет“.
Курдите во Европа вообичаено секоја година организираат масовни демонтрации во Стразбур во средината на февруари по повод годишнината од апсењето на Оџалан, што се случи на 15 февруари 1999 година
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.