НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД започна со директни испораки на оружје за Курдите во Ирак

0
By Нова ТВ on August 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Администрацијата на претседателот Барак Обама почна директни испораки на оружје за курдските сили, кои бележат успеси во битките против исламските екстремисти во северен Ирак, соопштил денеска висок американски функционер, цитиран од „Асошиејтед прес”.

Досега САД следеа политика на продажба на оружје само за централната ирачка Влада во Багдад, но курдските вооружени сили – „Пешмерга”, кои се најдоа во првите редови на борбата против инвазијата на џихадистите, почнаа да отстапуваат пред притисокот на екстремистите во последниве недели.

Работникот не прецизирал кое американско министерство и какви оружја испорачува, но друг извор појаснил дека тоа не е Пентагон.

„Асошиејтед прес” потсетува дека во минатото со слични „дискретни” оружени испораки се занимавала и ЦИА.

Одлуката за директна помош за Курдите открива колку Вашингтон е загрижен од боречките успеси на џихадисти од „Исламската држава” во северен Ирак.

Тоа се одразува и на визијата на Белата куќа дека жителитена Ирак треба да ги преземат неопходните чекори сами да решат сопствените проблеми со безбедноста.

-Со овие напори, американската администрација е многу блиску и до одобрување на планови за Пентагон да ги вооружува Курдите, вели друг висок претставник на администрацијата на Обама.

Во последните денови американските воени сили помагаат да се олесни испораката на оружје од ирачката армија за Курдите, како и обезбедиување логистичка поддршка и транспорт за оружје кон Северен Ирак.

Оваа дополнителна помош доаѓа откако викендов курдските сили ги вратија двата града од џихадистите. Тоа стана со делумна поддршка на американските воздушни напади над позициите на џихадистите во регионот. Во исто време американската администрација внимателно го следи развојот на политичката криза во Багдад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.