Eден од најталентираните актери, Оскаровецот Робин Вилијамс, е пронајден мртов, на возраст од 63 години- се работи за самоубиство.
Полицијата во Калифорнија соопшти дека тој беше прогласен за мртов во неговиот дом, откако властите одговориле на итен повик околу пладне по локално време.
Вилијамс беше познат по филмовите како што се и Good Morning Vietnam, Dead Poets Society и освои Оскар за неговата улога во Good Will Hunting.
Неговиот публицист изјави дека се “борел со тешка депресија.”
Во минатото тој говореше, па дури и се шегуваше, за борбата со алкохолот и дрогата.
Вилијамс неодамна се врати “во центар за рехабилитација за да се справи со алкохолот, односно трезноста, извести Лос Анџелес тајмс во јули.
Eдни од најлегендарните изведби на Вилијамс:
Dead Poets Society
Good Will Hunting
Mrs. Doubtfire