Лидерот на чеченската република, Рамзан Кадиров во видео порака на Телеграм утрово порача дека руската војска ќе тргне во офанзива, не само на опколениот Мариупол. туку и на Киев и други украински градови.
„Ќе има офанзива. Не само на Мариупол, туку и на други места, градови и села“, рече Кадиров.
„Прво во целост ќе ги ослободиме Доњецк и Луганск, а потоа ќе го заземеме Киев и други градови“, додаде тој.
Кадиров вели дека не треба да постои сомнеж околу Киев.
„Ви гарантирам, ниту еден чекор нема да се повлечеме“, нагласи Кадиров.
Европската Унија и САД неколкупати го обвинија за кршење на човековите права, но тој негира такво нешто.
Официјална Москва водеше две војни со сепаратистите во Чеченија, регион со мнозинство муслиманско население на југот на Русија. Но, од тогаш вложи голема сума на пари за негова обнова и му даде голема автономија на Кадиров.