Германската полиција уапси маж на возраст од 28 години во Карлсруе, откако признал дека изгребал или на друг начин оштетил околу 260 автомобили во градот за само неколку дена.
„Тој минатата недела се предаде на полицијата и признал дека ја направил штетата. Притоа објаснил дека бил љубоморен на сопствениците на автомобилите и оти има „лични проблеми“, се наведува во полициското соопштение.
Оштетени се главно скапи автомобили што биле паркирани во центарот на Карлсруе, седиште на највисокиот германски казнен и уставен суд.
Осомничениот од порано е полициски евидентиран и пуштен од затвор во мај во 2021 година, додадоа од германската полиција.