Тој беше еден од најталентираните актери воопшто- го опишуваат како го опишуваат како актерски гениј, глумец кој го имаше допрено секој дел на човечката душа, како првиот кој направи Америка да се смее. Вилијамс патеше од тешка депресија, се лечеше од зависност од дрога и алкохолизам.
Извештаите на светските медиуми велат дека починал од задушување, но повеќе детали не се даваат од страна на калифорниската полиција.
Во меѓувреме, неговите обожаватели, колеги и пријатели се простуваат од овој актерски гениј.
Ќерката на актерот Робин Вилијамс се огласи на Твитер по смртта на својот татко.
-Ти- само ти ќе имаш ѕвезда каква што немал никој друг. Во една од ѕвездите ќе живеам и јас. Во една од нив ќе се смеам јас, и така ќе биде како сите ѕвезди да се смеат кога ќе погледнеш во небото. Ти, само ти ќе имаш ѕвезда која може да се смее.
Те сакам, ми недостигаш….
„Робин Вилијамс беше авијатичар, доктор, гениј, дадилка, претседател, професор, Петар Пан, и се’ останато. Но, тој беше уникатен. Тој дојде во нашите животи како странец, а заврши допирајќи го секој елемент од човековиот дух. Тој не насмеа. Тој не расплача. Тој го даваше својот неизмерен талент слободно и великодушно на оние на кои најмногу им требаше – од нашите трупи стационирани во странство до маргинализираните на нашите улици“, забележа американскиот претседател Барак Обама во изјавата по повод смртта на Вилијамс.
Изјава даде и режисерот Стивен Спилберг, оценувајќи го Вилијамс како гение на комедијата: „Тој беше другар и не можам да поверувам дека замина“.
Шокираност од смртта на Вилијамс изнесе и неговиот колега Стив Мартин, кој го опиша актерот како многу „човечен, огромен талент, добар актерски партнер и вистинска душа“.
Крис Колумбус, режисерот на филмовите „Госпоѓа Даутфаер“ и „Двестогодишник“, во кои играше Вилијамс, рече дека е „загубен еден од најинспиративните умови, како и еден од најодличните актери во неговата генерација“. Тој додаде дека „да се гледа Вилијамс е магична и специјална привилегија“. „Тој буквално беше еден од малкуте луѓе кои ја заслужија титулата гение“, додаде режисерот.
Вилијамс пред раѓањето на неговиот син во 1983 година беше зависник од кокаин и алкохол, но прв пат се откажа од пороците пред неговото раѓање и успеа да остане трезен дури 20 години.
Но, за време на снимањето на филмот „The Big White“ во Алјаска во 2003 година почнал повторно да пие.
„Бев во мал град кој не е на крајот на светот, но може да се види од таму. И помислив: алкохол. Хеј, можеби алкохол ќе помогне. Бев осамен и ми беше страв, премногу работев и реков: „За*би, можеби ќе помогне“. И тоа беше најлошото нешто во светот“, се потсетил актерот во интервјуто за The Guardian.
„По првата голтка се чувствував топло и убаво. Но, следната работа која ја чувствувате е дека имате проблем и дека никој не може да ви помогне“.
„Посебично од тоа, навистина се работи за страв. Само помислете- во ред, ова ќе ми го олесни мојот страв. Но, не помага. Се плашам од се. Тоа е страв кој е насекаде и фрустрира. Престрашен сум и вознемирен“, објаснил актерот.
Но, не се вратил на кокаин бидејќи знаел дека тоа „ќе го убие“.
„Не, кокаинот ме прави параноичен и неспособен, многу е забавен. Ниту еден дел од мене не рече: „Супер, ајде да го пробаме“. Бескорисни разговори до полноќ, будење во зори како вампир… Не“, додал тој.
На Робин му била потребна само една недела за да сфати дека повторно има проблем со алкохолот.
Последната фотографија на Вилијамс
„Таа прва недела се лажете себеси, си велите дека можете да прекинете, и потоа вашето тело се побунува и вели- не, ќе прекинеш подоцна. И тогаш ми беа потребни речиси три години за да прекинам“.
На крај, семејството го охрабрило да оди на рехабилитација, а Вилијамс секоја недела посетувал собири за лечење на алкохоличари. Пред пет години комичарот беше на операција на срцето, каде една аортна валвула е заменета со свинска.
„О Боже, станувате емотивни. Такво нешто ги крши сите ваши бариери, вашиот оклоп. И немате избор, буквално сте целосно отворени. И се чувствувате смртно“, го опишал искуството.
Неговиот втор брак заврши во 2008 година поради пиењето, иако тогаш вече бил трезен.
„Бев срамотен, правев работи кои предизвикуваа гадење и од тоа тешко се опоравува. Секој може да каже: „Ти простувам“, но тоа не е исто како закрепнувањето. Не можеш да поминеш преку тоа“, тврди Робин.
Во својата кариера Робин Вилијамс направи неколку навистина необични избори. Комедии, по кои е и најпознат, го направија богат и славен, но сентименталноста на филмовите како „World’s Greatest Dad“ подобро одговара на неговата кариера.
„Сега сум малку посреќен. Но не се плашам да бидам несреќен, тоа е исто така во ред. Тогаш можете да застанете и кажете- се е добро. И во тоа е работата, тоа е подарок“, заклучил актерот во интервјуто пред неколку години (2010).