Финскиот производител на телекомуникациска опрема, Нокиа се повлекува од рускиот пазар, потврди шефот на управата на компанијата, Пека Лундмарк за „Ројтерс“.
„Одлуката ќе влијае на околу 2.000 вработени“, рече тој.
„Гардијан“ наведува дека секторот телекомуникации беше изземен од санкциите на западните земји од хуманитарни причини, но Нокиа објави дека одлуката за повлекување „била единствена опција“.
„Едноставно не видовме никакви можности да продолжиме да работиме во Русија под овие околности“, додаде Лундмарк и нагласи оти не може да предвиди колку долго ќе трае повлекувањето од Русија.