Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, меѓу кои и од опколениот град Мариупол, но само со приватни автомобили.
Според неа, пет од деветте коридори за евакуација се наоѓаат во областа Луганск за која украинските власти тврдат дека е под силно гранатирање.
„Вкупно 4.354 лица вчера беа евакуирани од украинските градови преку хуманитарните коридори“, објави Верешчук на Телеграм.
Меѓу нив има 556 лица кои вчера беа евакуирани од пристанишниот град Мариупол.