Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача на Западот дека нема да успее да ја изолира Русија. Како пример за тоа го наведе успехот на советската вселенска програма, како доказ дека Русија може да постигне големи рабори и во тешки околности.
„Русија порача дека никогаш повеќе нема да зависи од Западот, откако Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ѝ воведоа санкции поради „специјалната воена операција“ на Владимир Путин во Украина“, пишува „Ројтерс“.
Путин во придружба на белорускиот претседател Александар Лукашенко направија обиколка на космодромот Восточни и се осврна на фактот дека Јуриј Гагарин од СССР во 1961 година стана првиот човек кој стигна во вселената.
„Воведоа санкции, изолација, но Советскиот Сојуз беше прв во вселената“, рече Путин за време на посетата на Восточни.
„Нема да успеете да ја изолирате Русија. Во модерниот свет е невозможно да изолирате некого, поготово така голема земја каква што е Русија“, додаде тој.
И Лукашенко со свој коментар во врска со наметнатите санкции.
„Зошто, побогу, толку нè загрижуваат тие санцкии“, рече белорускиот претседател.