НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кина и Русија се закана по безбедноста за САД и во Вселената, наведува Пентагон

0
By Sashko on April 13, 2022 СВЕТ
Фото: scitechdaily.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија и Кина, како на Земјата, така и во Вселената, се најголема закана по интересите на националната безбедност на САД, се наведува во најновиот извештај „Безбедносни предизвици во Вселената“ на американската Одбранбена разузнавачка агенција.

Според извештајот, Русија и Кина во изминатите две години ги зголемиле своите вселенски капацитети за речиси 70 проценти.

„Стремежот за модернизација и градење нан капацитети на двете земји се рефлектира во речиси сите главни категории на Вселената – сателитски комуникации, далечинска детекција, навигација и научно-технолошки демонстрации. Двете земји се развиваат во исти насоки, а тоа е зајакнување на сопствените вселенски капацитети, а во исто време ги подобруваат сопствените способности за да ги осуетат напорите на САД“, се посочува во извештајот.

Кина во јули минатата година успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета со хиперсонично лизгачко летало што кружеше околу светот во нецелосна орбита.

„Прелета растојание до 40.000 километри, а најдолгиот лет траеше повеќе од 100 минути, што е повеќе од кој било кинески вооружен систем за копнен напад досега“, се истакнува во извештајот.

Во ноември 2021 година, Русија изврши тестирање на антисателитски ракети, уништувајќи еден од нејзините застарени сателити.

„Иако и Кина и Русија, за разлика од Соединетите Држави, имаат вселенски програми кои прават мала разлика меѓу воените и цивилните напори, тие имаа малку поинакви пристапи за користење на просторот за подобрување на нивната борбена ефикасност“, изјави аналитичарот за одбранбено разузнавање, Кевин Рајдер.

Кина, според него, поради поголемите економски предности, ги зголеми своите способности и инвестираше повеќе финансиски и воени напори во развојот на нови и подобри капацитети. Русија, од друга страна, е помодерна поради другите напори вложени во модернизација на армијата.

Во извештајот се истакнува и дека кинеските и руските амбиции не завршуваат во орбитата на Земјата и оти планираат мисии на Месечината, каде што би можеле да ги искористат нејзините огромни природни ресурси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.