НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски одби да го прими германскиот претседател Штајнмаер, Берлин е зачуден и незадоволен од таквата одлука

0
By Sashko on April 13, 2022 СВЕТ
Фото: tass.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот политички врв денеска реагираше со чудење и неразбирање за одбивањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прими во посета германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

„Германскиот претседател јасно и дефинитивно застана на страната на Украина. Германија беше и сè уште е еден од најодлучните поддржувачи на Украина, а овој факт е тесно поврзан со долгорочните активности на германскиот претседател“, изјави портпаролот на германската Влада.

Портпаролката за надворешна политика на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Нилс Шмид изрази незадоволство од одлуката на Киев.

„Ова е повеќе од несоодветно: ние сме пријателски земји и посетата на германскиот претседател заедно со другите претседатели требаше да биде позитивен сигнал“, рече Шмид, додавајќи дека одлуката на Киев во Германија „е целосно погрешно разбрана“.

Штајнмаер, заедно со претседателите на Полска, на Естонија, на Литванија и на Летонија, требаше да го посети Киев, но украинската влада ја отфрли намерата на Штајнмаер и наместо тоа конкретно го покани германскиот канцелар Олаф Шолц да разговара за натамошната германска воена помош за Украина.

„На ваков начин да се спротивставаат германскиот канцелар и германскиот претседател е сосема несоодветно“, рече Шмид, и додаде дека не гледа причина Шолц „само така да отпатува во Киев“.

Потпретседателот на Бундестагот и лидер на владејачката Либерално-демократска партија (ФДП) Волфганг Кубицки, исто така, се изјасни против заминувањето на Шолц за Киев, откако оттаму го прогласија Штајнмаер за непожелен гостин.

„За мене е целосно незамисливо канцелар на влада во која е сместена ФДП да оди во земја која највисокиот политички претставник на нашата земја го прогласи за непожелна личност“, рече Кубицки.

Реакцијата на Киев беше остро критикувана и од најголемата опозициска парламентарна група на Унијата, ЦДУ/ЦСУ.

Портпаролот за надворешна политика, Јурген Хард, рече дека тоа е „голем товар за германско-украинските односи“. Тој побара од германскиот канцелар денеска да оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Зеленски.

Украина во неколку наврати го обвини Штајнмаер дека е поранешен министер за надворешни работи и еден од лидерите на СПД одговорен за попустливата и блага политика на Берлин кон Москва.

Штајнмаер пред неколку дена призна дека „грешил во минатото“ во градењето на односите меѓу Германија и Русија и се извини за тоа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.