НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК ја поздрави заложбата на министерот за изнаоѓање средства за вработените во образованието

0
By НОВА ТВ Balaban on April 13, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОНК ја поздравува заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање  средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, по изјавата на министерот Јетон Шаќири дека МОН е подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот.

– Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, објави СОНК и неговиот лидер Јаким Неделков на Фејсбук.

Министерот за образование и наука изјави дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, кои  предизвикуваат фискални импликации, со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближи до процентот на покачување на платите на наставниците што го бара СОНК.

– Ова го побарав и од другите министри во Владата и во тоа гледам опција преку која би можеле да постигнеме решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот. Штрајкот е почнат и бараме решение за надминување на ситуацијата што поскоро. Секако дека Владата ќе достави предлог до синдикатот, кој ќе биде соодветен на буџетските можности и се надевам прифатлив за СОНК. Да ги вратиме децата во училиштата, а потоа ќе дискутираме како ќе се надомести пропуштената настава, рече Шаќири во гостувањето на Алсат ТВ, додавајќи дека преговорите со СОНК се интензивираат и дека до крајот на оваа недела очекува да се постигне договор.

 

заложбата ја поздрави Јетон Шаќири СОНК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.