Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли наводните планови за неговата поранешна советска република да стане дел од Русија.
„Не сме толку глупи со Путин да користиме стари методи. Ние градиме единство меѓу двете независни држави за луѓето да учат од нас“, порача Лукашенко од посетата на Владивосток на далечниот руски исток, пренесува белоруската државна новинска агенција Белта.
Лукашенко на покана на Путин моментно престојува на рускиот далечен исток, на брегот на Тихиот океан. Белорусија е важна поддршка на Русија во војната во Украина. За разлика од него, меѓународните политички набљудувачи сметаат дека придружувањето на Белорусија кон Русија е сосема реална опција.
Од спорните претседателски избори во 2020 година на кои Лукашенко прогласи победа со сомнежи кај западните земји за регуларноста на процесот, официјален Минск сè повеќе почна да зависи од Москва.
Белорусија сега е целосно изолирана на меѓународен и на финансиски план, но и воено е зависна од Русија.