Раководството на шведската Социјалдемократска партија ја овласти премиерката Магдалена Андерсон да поднесе барање за членство во НАТО во јуни оваа година, соопштија денеска партиски извори.
Во соопштението се наведува дека апликацијата би требало да биде предадена на состанокот на Алијансата на 29 и 30 јуни во Мадрид, пренесува агенцијата ТАСС.
Весникот Афтонбладет претходно објави дека партијата најавила состанок на 24 мај на кој ќе присуствуваат претставници на 26 партиски окрузи и ќе разговараат за ставот на партијата за членство во НАТО.
На тоа ќе претходи анкета меѓу партиското членство за да се добие сечие мислење.