НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо на децата на Вилијамс: Тато беше најмеката душа на овој свет

0
By Нова ТВ on August 13, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зелда, Коди и Зак, децата на Робин Вилијамс, на блогот на Зелда постираа денес писмо до сите кои јавно ја манифестираа нивната љубов и почит кон глумецот кој вчера беше пронајден мртов.

« Моето семејство секогаш останало дискретно за времето што го поминуваме заедно. Тоа беше нашиот начин да чуваме нешто за нас, со човекот што го делевме со целиот свет. Но сега, тоа е минато и чувствувам дека еден ден од мене повеќе не е тука. Мојот последен ден со него беше неговиот роденден (21 јули) и секогаш ќе бидам благодарна што моите браќа и јас можевме да минеме време со него и заедно да споделиме подароци и смеа.

Тој секогаш беше топол, дури и во мрачните мигови. Иако никогаш, никогаш нема да разберам како тој што беше толку сакан не успеваше да најде доволно љубов за да остане, малку ми олеснува со мислата дека нашата загуба, делумно, ја делат милиони луѓе. Тоа не помага за да се намали болката но сепак тоа е терет за кој многумина знаат дека го носиме во себе, и толку многу луѓе ни дозволуваат да го намалиме теретот. Во благодарам за тоа.

До сите оние кои испраќаат убави зборови, знам дека една од неговите омилени работи беше да ве насмее сите вас. До оние кои испраќаат лоши зборови, знам дека еден мал дел од него испраќа јато гулаби кон нивната куќа за да какаат на нивната кола. И тоа веднаш штом ја испрале. Тој обожуваше да се смее.

Тато беше, е и секогаш ќе биде најдобрата, највеликодушната и најмеката душа што ја знам и ако има една работа која сигурно ја знам, една од нив е дека не само мојот свет, туку и целиот свет без него од денес е помрачен, побезбоен и недоволно полн со насмевки. Ние ќе работиме двојно повеќе за да го наполниме повторно», напишаа децата на Робин Вилијамс.

Со ова писмо ставија исто така на знаење дека тоа ќе биде нивната единствена реакција на смртта на нивниот татко.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.