Вооружениот напаѓач од подземната железница во Бруклин се уште е на слобода, а њујорчани почнаа да патуваат со метрото на чија постојка вчера утрото имаше пукање со огнено оружје.
Еден човек на 62 години, кој претходно беше посочен како „човек од интерес“, сега е со статус осомничен за нападот, информира њујоршката полиција.
Вкупно повредени се најмалку 23 лица. Покрај 10-те лица погодени со огнено оружје, од кои пет се критично повредени, најмалку 13 други се здобиле со повреди поврзани со вдишување чад, паѓање или напади на паника, соопштија властите.