НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масло за јадење има, за повеќе од два пати е зголемена  побарувачката, вели Бектеши

0
By Ivana on April 13, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Производителите на масло за јадење во државата имаат доволно залихи и суровини и во континуитет и непречено се одвива снабдувањето со суровини за производство на масло за јадење. По предлог на Секторот за трговија во Министерството за економија и врз основа на разговорите што ги имав со производителите и трговците пратив известување дека од денеска не треба да се продава масло за јадење на пакети или палети во маркетите и кај трговците на мало, посочи вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

-Масло за јадење во нашата држава има. Се прават соодветни контроли и доколку не се пушта масло во малопродажба тоа е недозволиво согласно Законот за заштита на потрошувачите. Денеска разговарав со сите производители на масло за јадење и со повеќето национални синџири на трговци во нашата држава и беше посочено дека за повеќе од два пати е зголемена  побарувачката во однос на просечната потрошувачка од минатите години и од претходните месеци. Тоа значи дека непотребно се купува масло за јадење. Ако се купува масло за јадење на пакети или палети трговците треба да го известат Државниот пазарен инспекторат за да се преземат соодветни чекори, рече Бектеши во емисијата Топ тема на Телма.

Непотребното купување на големи количини масло за јадење, како што истакна, може да ја влоши состојбата и да влијае на цената заради зголемената побарувачка, а понудата останува согласно сите проценки кои биле направени од страна на производителите и трговците кои увезуваат рафинирано масло за јадење. Според него, купувањето големи количини масло за јадење од маркетите  се прави или за шверц и трговија или,пак, за извоз од земјава и препродавање на сивиот пазар.

-На трговците на мало им препорачуваме во овој период да продаваат масло за јадење согласно просекот што е потребен за едно домаќинство, односно максимум три литри месечно согласно податоците кои ги добиваме од анализите на Државниот завод за статистика.  Сега само во регионот на Струга и Охрид имаме речиси три пати поголема потрошувачка на масло за јадење од претходно. Како Влада и Министерство за економија сакаме да ги користиме сите механизми за да имаме  редовно снабдување со суровини и со готови производи со цел граѓаните да имаат можност да купуваат производи кои им се потребни, рече Бектеши.

Укинувањето на царинската стапка од 29 отсто за увоз на масло за јадење, како што појасни, се однесува за билатералните договори кои ги имаме со одредени земји, а во рамките на ЦЕФТА и ЕУ и досега нема царина за таа намена. Смета дека цената на маслото за јадење ќе остане во рамките од 115 до 135 денари колку што е во моментов во маркетите, ако се земе во предвид дека веќе е обезбедено снабдување со суровини за производство на масло за јадење од Бугарија, а се очекува во текот на неделава да се укине и забраната за извоз на рафинирано и нерафинирано масло за јадење од Србија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.