Крстосувачкиот брод „Москва“ е „тешко оштетен“ во пожар што бил предизвикан од експлозија на муниција, соопшти руското Министерство за одбрана (МО).
Екипажот е евакуиран, а во тек е истрага за инцидентот. Но, руското МО не наведе каде се случил инцидентот.
Украинските власти претходно објавија дека пожарот на бродот „Москва“ е предизвикан од ракетен напад.
Гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко изјави дека „ракетите од Нептун кои го штитат Црното Море предизвикале голема штета на тој руски брод“.
Бродот „Москва“ учествуваше во првите денови од инвазијата врз Украина и во нападот на Островот на змиите во Црното Море, при што беа заробени 19 припадници на украинската морнарица кои подоцна беа разменети за руски затвореници.