НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Туризмот забрзано закрепнува, годинава 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари прилив

0
By НОВА ТВ Balaban on April 14, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2022 ќе имаме и повеќе чартери. Од средината на мај од Холандија, во јуни од Полска, кон крајот на мај стартува новата линија Тел Авив – Скопје, во почетокот на јуни и новата линија Измир – Скопје, а се очекува и уште една нова линија, а тоа е Марибор – Скопје, истакна Јаневски.  

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски годинава очекува 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари директен прилив од секторот во домашната економија.

Како што соопшти денеска на прес-конференција, туристичкиот сектор забрзано закрепнува, а за тоа најмногу придонеле традиционалните и гостите од регионот – Полска, Косово, Србија, Албанија и Турција.

Проекциите на АППТ, потенцира Јаневски, се дека до 2025 година македонскиот туризам ќе достигне над пет милиони ноќавања и преку 600 милиони долари прилив.

– Во 2022 ќе имаме и повеќе чартери. Од средината на мај од Холандија, во јуни од Полска, кон крајот на мај стартува новата линија Тел Авив – Скопје, во почетокот на јуни и новата линија Измир – Скопје, а се очекува и уште една нова линија, а тоа е Марибор – Скопје, истакна Јаневски.

Тој најави дека во 2022 година ќе почне и новата стратегија во туризмот. АППТ планира и да ја брендира земјава како туристичка дестинација, да креира ново лого кое ќе се развие во државна кампања во 2023 година, како и да го зголеми присуството на државата на традиционалните пазари со кампања која ќе почне во средината на мај.

закрепнува Туризмот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.