НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николоски: Штрајкот на наставниците е оправдан и ВМРО-ДПМНЕ го поддржува

0
By Соња Крамарска on April 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски вели дека не е изненаден од тоа што Владата ги одбива барањата на синдикатот за покачување на платите иако наставниот кадар е веќе четврти ден во штрајк и училиштата и градинките се празни, со образложение дека нема пари а од друга страна, склучуваат милионски договори во четири очи.

За време на неговата посета на општина Василево, одговарајќи на новинарски прашања Николоски истакна дека наставниот кадар и воопшто, вработените во градинките и училиштата се во право затоа што нивните плати се под секое достоинство и истите треба да им се зголемат.

„Би рекол дека не сум изненаден, мислам дека штрајкот е оправдан, сметам дека она што го бараат вработените во градинките, во основните и во средните училишта, она што го бараат воспитувачките, она што го бараат учителите и учителките, наставниците и наставничките, професорите и професорките и сите вработени во градинките, во основните, во средните училишта, во високото образование. Секако тука спаѓаат и оние кои што се во дејностите поврзани со нив е оправдано. Затоа што навистина платите сега се под секакво достоинство и под секакво нормално ниво и треба да бидат зголемени“, истакна Николоски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има концепт за зголемување на платите на наставниот кадар кој ќе значи многу подобар квалитет на нивниот живот и дека истото решение ќе го поднесат во македонското Собрание.

„ВМРО-ДПМНЕ има свој концепт за зголемување на платите кои што ќе значи многу подобар квалитет на животот на наставниот кадар и веќе едно такво решение ќе поднесеме во Собранието“, рече Николоски.

 

Александар Николоски штрајк на наставниците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.