Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека европските земји кои продолжуваат да купуваат руска нафта заработуваат од крвта на други луѓе.
Во интервју за „Би-Би-Си“, тој ги издвои Германија и Унгарија, обвинувајќи ги дека го блокираат процесот на ембарго. Тој тврди дека Русија може да заработи и до 250 милијарди фунти од продажбата на енергенси во оваа година, што е за повеќе од една третина во споредба со лани.
„Се зголемува незадоволството и кај украинското раководство од Германија, која поддржа некои санкции против Русија, но не поддржа построги мерки во однос на продажбата на нафта“, пренесува „Би-Би-Си“.
„Дел од нашите пријатели и партнери сфаќаат дека сега е поинакво време, дека повеќе не е прашање на бизнис и на пари. Ова е прашање на опстанок“, рече Зеленски.




