Министрите за надворешни работи и за финансии на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, односно Гинтаре Скајсте се обратија со земјите членки на Г7 со барање за исклучување на Русија и на Белорусија од Меѓународниот монетарен фонд и од Светската банка, соопшти прес службата на литванското Министерство за надворешни работи.
„Министрите наведоа дека со укинување на членството, на Русија и на Белорусија ќе им се скрати можноста за користење на посебни права за кредити во Меѓународниот монетарен фонд“, пренесува Спутник.
Двајцата министри нагласија дека, иако Светската банка ги ограничи операциите во Русија и во Белорусија од почетокот на специјалната воена операција во Украина, сепак, е потребно да се преземат уште построги санкции против двете земји.




