Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот
Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакнала градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, информираат од прес службата на градот Скопје.
Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење. Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година.
Градот Скопје информира дека постојната состојба ги руинирала куќичките бидејќи немаат решен статус, а трпи и Градот од тоа што се
дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор.
Сега се очекува да се регулира договорната свера во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење на истите.