Соединетите Американски Држави веруваат дека потонатиот руски воен брод „Москва“ бил погоден од две украински ракети, изјави висок американски функционер, пренесува „Би-Би-Си“.
Официјален Киев истакнува дека негови ракети го погодиле бродот, но Русија не пријави никаков напад и тврди дека бродот потонал по пожар што бил предизвикан од експлозија на муниција.
Украина, пак, тврди дека во експлозијата загинал и капетанот на „Москва“.
Антон Херашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, рече: „Капетанот од прв ранг, командант на крстосувачот Москва од Црноморската флота Антон Куприн загина за време на експлозијата и пожарот на бродот“.
Капетанот Антон Куприн даде наредба да се бомбардира Змискиот остров на првиот ден од војната.