НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците објавија два тендера за развој на рудни наоѓалишта во Авганистан

0
By Sashko on April 15, 2022 СВЕТ
Фото: aawsat.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за рудници и нафта на авганистанската талибанска влада објави два тендера за разработка на големи наоѓалишта на минерали, јави телевизијата Ал-Мајадин.

Министерството очекува да привлече приватни компании да разработат наоѓалиште на железна руда во провинцијата Херат и наоѓалиште на оловна руда во провинцијата Гор, велејќи дека тендерот „спаѓа во категоријата големи национални проекти“.

Светската банка завчера објави извештај „Кон економска стабилизација и закрепнување“ за моменталната состојба на авганистанската економија. Во извештајот се вели дека откако Талибанците дојдоа на власт, приходот по глава на жител во Авганистан е намален за околу една третина. Економскиот пад беше предизвикан од остриот пад на меѓународната финансиска помош, губењето на пристапот до странски средства од страна на централната банка и повлекувањето на инвеститорите од авганистанскиот пазар.

Авторите на извештајот проценуваат дека авганистанскиот БДП по глава на жител ќе се намали за околу 30 проценти до крајот на 2022 година во споредба со крајот на 2020 година. Сепак, во извештајот се нагласува дека Авганистан има значителен економски потенцијал за кој талибанската влада мора да преземе мерки за паметно управување со економијата.

Авганистан има огромни резерви на минерали. Во 2010 година, Пентагон и Геолошкиот институт на САД ги процениле овие резерви на еден трилион долари. Покрај ретките метали, злато, кобалт, железна руда и бакар, Авганистан има големи наоѓалишта на литиум, клучна суровина за брзорастечката индустрија за батерии. Според Меѓународната агенција за енергија, до 2040 година глобалната побарувачка за литиум ќе се зголеми за 40 пати во споредба со нивоата од 2020 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.