Четиринаесет лица се повредени во инцидент со пукање во трговски центар во Колумбија, главен град на американската сојузна држава, Јужна Каролина.
„Во врска со инцидентот се приведени три лица кои имале оружје со себе“, изјави началникот на полиција, Скип Холбрук.
„Не веруваме дека ова е несреќен случај. Мислиме дека се познавале и дека нешто довело до пукањето“, рече Холбрук.
Надлежните соопштија дека во инцидентот нема жртви, но во болница се пренесени осум повредени од кои двајца се наоѓаат во критична состојба. Останатите лица се стабилни. Повредените се на возраст од 15 до 73 години.