Режимот во Киев забрани преговори за предавање во Мариупол и со таквата одлуката донесе „наредба“ да се пука на сите кои сакаат да се предадат, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков.
„Според него, во некогашниот металуршки комбинат „Азовстал“, заедно со украинските сили, се блокирани и околу 400 странски платеници, меѓу кои најголем дел се државјани на европските земји, но има и Канаѓани, пренесува „Известија“.
Шефот на рускиот Национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев денеска соопшти дека руските оружени сили им понудиле на припадниците на националистичките баталјони и странските платеници кои се блокирани во Мариупол да го положат оружјето во замена за поштеда на нивните животи.
Украински официјални претставници, пак, попладнево го одбија таквиот предлог од руската страна и најавија дека продолжуваат со одбрана на Мариупол.