Јубилејното издание на најголемиот филмски фестивал во регионот, 20. Сараевски филмски фестивал свечено започнува на 15. август, кога на црвениот тепих пред Народниот театар ќе продефилираат бројни светски ѕвезди на филмската уметност, меѓу кои Гаел Гарсија Бернал и Енџесл Б, добитници на наградата Срце на Сараево.
Ѕвездата на мексиканската кинематографија Гаел Гарсија Бернал ќе биде првиот гостин на СФФ кој ќе ја поздрави сараевската публика. Неговата дебитантска филмска изведба која го прослави ширум светот, улогата на Октавијан во филмот „Кучешки живот“ на отворањето ќе ја видат околу три илјади филмофили. По што ќе му биде доделена наградата и ќе започнат деветте дена филмски фестивал.
Веднаш по отворањето ќе биде прикажан омнибусот „Мостови на Сараево“ со што ќе бидат одбележани сто години од Првата светска војна.
Третиот филм ќе биде прикажан во петок „За коњите и луѓето“ на режисерот Бенедикт Ерлингсон.
Српските филмови се застапени во натпреварувачката програма за документарни филмови, каде премиерно ќе биде прикажан филмот „Шума“ на Синиша Драгин како и филмот на Иве Радивојевич „Нека испарат границите“
Во чест на неодамна починатиот великан на некогашното југословенско глумиште Бора Тодоровиќ, на 18. август во Народниот театар ќе биде прикажан на гала ин меморијам проекција култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“ на Слободан Сијан, на кој ќе присуствуваат пријатели и колеги од целиот свет.