Чеченските борци под команда на Рамзан Кадиров денеска слават пред челичарницата „Иљича“ во опколениот и разурнат Мариупол. Тие во градот делуваат заедно со силите на проруските сепаратисти и руската војска која се обидува да го заземе Азовстал, големата челичарница во која се наоѓаат преостанатите бранители на Мариупол – баталјонот Азов и украински маринци.
Денеска, како што тврдат руски извори, Чеченците и проруските сепаратисти ја зазедоа челичарницата „Иљича“ и пред неа развоирија знамиња со ликот на Рамзан Кадиров.
„Ситуацијата на првата линија е тензична, но ние константно напредуваме. Веќе влегуваме во челичарницата Азовстал. Другата челичарница е практично наша. Примирје ќе нема. Тие ја игнорираа нашата иницијатива, го добивме нивниот одговор“, изјави командатот на единицата на проруски сепаратисти кои со руските сили го напаѓаат Мариупол.