Францускиот претседател Емануел Макрон ќе победи во вториот круг на претседателските избори со 56 отсто добиени гласови, покажуваат денеска објавените анкети.
Според резултатите од анкетата што ја спроведе Ипсос-Сопра Стериа за потребите на неколку француски медиуми, противкандидатката Марин ле Пен во вториот круг би освоила 44 отсто од гласовите.
Истражувањето е спроведено од 15 до 18 април на примерок од 1.682 испитаници на возраст над 18 години, се наведува на интернет страницата на Ипсос- Сопра Стерија.