Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќање до нацијата објави дека во тек е битката за Донбас. Неговото вечерашно појавување во медиумите и на социјалните мрежи следува по предупредувањата на високи украински службеници претходно дека Русија денеска го отпочнала својот долгоочекуван напад во источниот регион.
„Сега може да потврдиме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас што долго ја подготвуваа. Голем дел од руската војска е посветен на оваа офанзива. Без оглед колку руски војници ќе дојдат таму, ние ќе се бориме и браниме секој ден“, рече Зеленски.
https://www.youtube.com/watch?v=iHD_6j17wL4