НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спектакуларен турски ќилим од бегонии во Брисел

0
By Нова ТВ on August 16, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако овој викенд патот ве носи во Брисел, не ја пропуштајте оваа спектакуларна туристичка атракција која се одржува секои две години. На величествениот централен плоштад во Брисел, кој го носи едноставното име Гран Плас, овој викенд е распослан тепих од цвеќе. На секои две години мотивот на цветниот тепих се менува а оваа година тоа е турски ќилим, посветен на 50 годишнината од турската имиграција во Белгија.

Бегониите и далиите цртаат традиционални турски мотиви во прекрасни бои од зелено, бело, портокалово, црвено, жолто….

Турскиот тепих годинава е 75 метри долг и 25 метри широк со 1.800 квадратни метри цвеќиња. Доброволците работат врз цртеж испишан на плочите на Гран Плас направен на микроперфорирана пластика и поставена врз тенок слој песок.

Овој август Брисел мора да трпи лошо време со многу дожд. Но, креаторите на ќилимот се задоволни. Велат дека за цвеќињата е подобро кога врне отколку кога е голема горештина.

“Кога е жешко е практично невозможно да се одржат цвеќињата кои горат на топлото. Дождот е добар но се надеваме дека во текот на овој викенд нема да имаме големо невреме кое би донело град”, велат оние што го поставуваа ќилимот. За сега се чини дека имаат среќа. Нема многу сонце а дождот одлучи да не биде многу силен. Ветерот, кој може да ги однесе латиците на цвеќињата, одлучи да ги поштеди.

Ќилимот беше поставен како да е вез во четвртокот и 120 доброволци беа ангажирани во деликатната работа. Ќилимот е реализиран од асоцијацијата “Тепихот на Брисел” која вели дека цвеќињата се нарачуваат две години пред реализацијата на тепихот бидејќи ги има стотици милиони.

Ова е по 19 пат да се реализира овој тепих. Според одговорните за бриселскиот туризам ова е една од најпривлечните туристички атракции. Секоја втора година телевизиите од целиот свет бараат дозвола да го сликаат тепихот а најревносни се Кинезите, Јапонците и Русите. Разгледницата со тепихот е една од најпознатите. Многу туристи го темпираат своето доаѓање во Брисел токму за викендот на цветниот ќилим. Навечер градот организира и спектакл од светло и музика кој му дава посебна волшебна атмосфера на бриселскиот плоштад и неговиот времен украс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.