НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ролс Ројс“ очекува до 2024 година да добие одобрение за својот мини-нуклеарен реактор

0
By Соња Крамарска on April 19, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дизајнот на „Ролс Ројс“ за мал модуларен нуклеарен реактор (SMR) најверојатно до средината на 2024 година ќе добие одобрение од националнот регулатор во Велика Британија и до 2029 година би можел да почне со производство на електрична енергија, изјави извршниот директор на Одделот за мали модуларни реактори на компанијата, Пол Стајн.

Британската Влада минатиот месец побара од национално тело за регулација на нуклеарната енергија да го започне процесот на одобрување, откако во ноември ја поддржа финансиската рамка на компанијата вредна 546 милиони долари за развој на првиот SMR во земјата. Владата очекува преку SMR дека ќе придонесе за намалување на зависноста од фосилни горива и намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата.

Стајн во интервјуто за „Ројтерс“ вели дека регулаторниот процес е започнат и најверојатно ќе биде завршен до средината на 2024 година, пренесува Хина.

„Се обидуваме да работиме со Владата и останатите за да започнеме со нарачки и да можеме до 2029 во мрежата да испорачаме електрична енергија“, рече Стајн.

Во меѓувреме, „Ролс Ројс“ ќе започне со производство на делови од реакторот за кои не очекува промени во дизајнот.

Малите модуларни реактори од 470 мегавати чинат 1,8 милијарди фунти (2,34 милијарди долари) и ќе бидат изградени на десет хектари земјиште, површина со големина на околу десет фудбалски игралишта.

За разлика од традиционалните реактори, SMR се поевтини и побрзи за изградба, а можат да се инсталираат и во бродови и авиони.

Нивниот модуларен формат значи дека тие можат да бидат испорачани во контејнери од фабриката и релативно брзо инсталирани на која било предвидена локација. (МИА)

нуклеарен реактор Ролс-Ројс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.