Францускиот премиер Жан Катекс денеска најави дека ќе поднесе оставка во случај на победа на Емануел Макрон во вториот круг од претседателските избори, јави радиото „Франс инфо“.
„Ќе поднесам оставка во деновите по изборите, доколку Макрон биде реизбран за претседател“, рече Кастекс.
Тој навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин ле Пен победи на претседателските избори, бидејќи тоа го дозволува Уставот.
Кастекс, кој е од редовите на десничарската Републиканска партија, како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека е потребен нов поттик по реизборот на Макрон.
За Ле Пен рече дека никогаш не управувала со ништо, ниту била на власт.