Русија најави прекин на огнот на подрачјето околу железарницата Азовстал во Мариупол, која се смета за последно упориште на украинските сили во градот, кој би бил на сила до среда, јави државната новинска агенција РИА, пренесува „Ројтерс“.
Одлуката, која претставува пресврт во настаните и најавите во текот на денот, ја објави руското Министерство за одбрана.
„Руските сили ќе го почитуваат примирјето во Азовстал додека предлогот е на сила до 13 часот на 20 април“, соопшти Министерството.
Украинските власти сè уште не го искоментирале предлогот на руската страна.
Прорускиот лидер на самопрогласената Доњецка Република претходно извести дека е во тек голем напад на Азовстал.