Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок денеска од Летонија порача дека нејзината земја ќе обезбеди обуки и одржување за потребите на украинската армија, пренесува „Си-Ен-Ен“.
„Додека другите партнери сега обезбедуваат воена помош, Германија ќе помогне со обука и одржување“, рече Бербок додавајќи дека Германија во овој миг нема на располагање оружје што би можело веднаш и без одлагање да биде испратено во Украина.
Бербок на прес-конференција со нејзиниот летониски колега Едгарс Ринкевичс, рече дека Германија одлучила јавно да не објавува какво оружје претходно испратила во Украина.
„Испративме противтенковско оружје, стингери (проектили за противвоздушна одбрана и многу други оружја за кои не зборувавме јавно“, рече Бербок.