Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба три-четири дена се врти низ парламентот како сирак, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на прес-конференција во седиштето на партијата.
Со тоа, тој ги критикува пратениците кои не го поканиле украинскиот гостин Кулеба да се обрати од говорницата во Собранието за време на неговата посета на Бугарија.
„Пратениците денеска се занимаваа со се, само не и со важното за Бугарите“, додаде Борисов.
Но, поранешниот бугарски премиер не застана тука и во негов стил го искоментира предлогот за техничка помош на Украина.
„Јас не можам да разберам што значи техничка помош за заштитни средства, па и кондомите се заштитни средства“, порача лидерот на ГЕРБ, пренесуваат бугарските медиуми.