Вчера во 17.20 часот на улицата „Македонија“ во Скопје, полицијата од полициската станица Центар фати крадци чии иницијали се Р.Е.(26), Р.Б.(20) и А.Р.(27), сите од Скопје. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од деловна фирма.
Тројцата биле приведени во полициска станица и при испрашувањето во целост ја признале кражбата икажале како ја извршиле. Кај крадците биле пронајдени украдените предмети.
За случајот бил известен Јавен обвинител и по документирање на доказите против нив ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти полицијата. (Р.Н.)