Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муареми: Вршиме проверки зошто имотот на „Трансмет“ не може да се конфискува

0
By Соња Крамарска on April 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 24, 2022 12:27

Во Управата за финансиска полиција се постапува по наредба добиена од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по која се вршат проверки, и сите тие проверки на крај ќе резултираат со исход кој ќе покаже зошто имотот на „Трансмет“ не можел да биде конфискуван, вели директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, во интервју за порталот Локално.

Тој во интервјуто посочува дека на барање на Финансиската полиција Основниот граѓански суд им ја доставил целокупната документација од стечајниот предмет, како и дел од предметите кои се водат пред истиот суд, а каде како странки се Државното правобранителство и фирмата „Трансмет“. Документацијата, вели Муареми, во овој момент се анализира и за тоа што ќе го констатира финансиската полиција ќе биде известено јавното обвинителството.

Зборувајќи за кривичната пријава што Државното правобранителство ја поднесе против него и против двајца поранешни обвинители на Специјалното јавно обвинтелство, Муареми вели дека тој како истражител немал надлежност да отвора истраги ниту пак овластувања да предлага или одлучува дали одреден имот треба да биде предмет на конфискација.

„Би сакал да појаснам дека надлежност на еден истражител е да презема дејствија во насока на откривање и собирање доказен материјал за сторени кривични дела и откривање на сторителите на истиот. Истражителот, согласно одредбите од Законот за кривична постапка, нема надлежност, ниту пак овластување да одлучува дали за одредени утврдени инкриминирани дејствија ќе се отвори истражна постапка или ќе се поведе судска постапка, и следствено на тоа истражителот нема надлежност, ниту овластувања да предлага или одлучува дали одреден имот за којшто постои сомнение дека потекнува од криминални дејствија ќе биде предмет на конфискација“, вели Муареми. (Р.Н.)

Арафат Муареми интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.