НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ сака да прави законски измени за поефикасно гонење на воени злосторства во Украина

0
By Sashko on April 25, 2022 СВЕТ
Фото: eurojust.europa.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија (ЕК) сака законски измени во агенцијата „Евроџаст“ за да може оваа агенција да собира и споделува докази за воени злосторства, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Евроџаст“ е агенција на ЕУ за соработка во областа на криминална правда, но таа не располага со легална база за да прибира и споделува докази за воени злосторства, нешто што ЕК смета дека треба да биде изменето поради војната во Украина.

Регулативата врз која почива „Евроџаст“ не ѝ овозможува на оваа агенција да се справува со „толку голем обем за ѕверства“, изјави попладнево портпаролот за правда во Европската Комисија, Кристијан Виганд.

„Важно е да се актуелизира законската база која ќе и даде можност на агенцијата да прибира, сочувува и споделува докази со релевантните национални и меѓународни власти, вклучително и Меѓународниот кривичен суд“, објасни Виганд.

Украина се соочува со тешкотии во безбедното сочувување на доказите за воени злосторства, а ЕК смета дека е неопходно да не се изгубат овие докази за да бидат казнети виновниците и да им се помогне на разните власти во Украина и во Европа во нивните истраги за воените злосторства во ова војна.

„Евроџаст“ веќе е инволвирана во тим на истражители и има практично искуство и познавање, но регулативата мора да биде изменета, нагласува Европската Комисија.

„Битката што ја води Украина е наша. Мораме заедно да делуваме за воените злосторници да се соочат со правдата, мораме да го зајакнеме мандатот на Евроџаст за да се осигуриме дека располага со потребните алатки за да се справи со големината на ѕверствата извршени во Украина. Европа е решена и ќе направиме сѐ што е во наша моќ за да и помогнеме на Украина“, се огласи еврокомесарката за транспарентност и вредност, Вера Јурова, преку писмено соопштение денеска на оваа тема.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.