Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш денеска во Москва треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но очекувањата од средбата се мали, бидејќи досегашните дипломатски напори пропаднаа, јави „Би-Би-Си“.
Разговорот меѓу Путин и Гутереш се очекува да биде со фокус на опколениот град Мариупол, каде што руските сили, и покрај прогласувањето на победата, не успеаја да ја освојат челичарницата Азовстал.
Украина побара од Гутереш да гарантира хуманитарен коридор за евакуација на цивилите кои се засолнети во Азовстал.
Шефот на ОН во четврток се очекува да отпатува за Киев на средба и со претседателот Володимир Зеленски.