НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски по 100 дена мандат: Ефикасно, чесно и одговорно владеење побарав од сите министри

0
By НОВА ТВ Balaban on April 26, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клучен прв приоритет, нагласи премиерот Ковачевски, е справување со енергетската криза, што е пред се европска енергетска криза, а се чувствува и кај нас, а доби дополнително загрижувачки димензии со војната во Украина.

Одговорно и со целосна посветеност и внимание се фокусирав на формирање и на хармонизирање на новиот тим за да ги подготвиме и спроведеме најсоодветните одговори на сериозните предизвици што не очекуваат, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешната тематска владина седница на која единствена точка е одбележување на постигнувањата на Владата и на министерствата во првите 100 дена од работењето.

Ковачевски ги истакна најзначајните работи направени во овој период и потенцира дека актуелната Влада останува на јасната цел – да обезбеди сигурност и  континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за граѓаните.

–  За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење. Тоа се одликите што ги побарав од сите министри, што прифатија да бидат дел од тимот, кој заеднички се стреми да им служи на интересите на сите граѓани без исклучок, рече Ковачевски.

Новата Влада, потсети премиерот, јасно ги дефинираше приоритетите за работа, креирана е програма, потсети, која е надградена врз основа на изборниот легитимитет добиен на изборите во 2000 година, со тоа што се вградени програмските определби на новиот коалициски партнер Алтернатива. Дополнително, истакна Ковачевски, во програмата на оваа Влада, вклучени се и нови автентични програмски цели, произлезени од нови предизвици.

Клучен прв приоритет, нагласи премиерот Ковачевски, е справување со енергетската криза, што е пред се европска енергетска криза, а се чувствува и кај нас, а доби дополнително загрижувачки димензии со војната во Украина.

100 дена Влада Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.