НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која е Транснистрија и зошто е толку важна за Русија?

0
By Sashko on April 26, 2022 СВЕТ
Фото: warsawinstitute.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самопрогласената република Транснистрија, која има сопствен Устав, влада, валута и знаме, но никогаш не е призната од меѓународната заедница, би можела да биде вовлечена во руската војна во Украина.

Високопозициониран руски генерал минатата недела изјави дека војската сака „целосна контрола“ на источниот регион Донбас и на јужна Украина и со тоа да добие пристап до Транснистрија, територија која се наоѓа во Молдавија.

Руската државна новинска агенција ТАСС го цитираше Рустам Минекаев, командант на рускиот централен воен округ, кој нагласи дека цел на Русија е да направи копнен коридор меѓу Донбас и Крим што го анектира во 2014 година.

Вчера во Тираспол, главен град на Транснистрија, се слушнаа експлозии кои украинското Министерство за одбрана ги нарече „планирани провокации“ на руските тајни служби.

Факти за Транснистрија и нејзината важност за Русија

  • Сепаратистичка парадржава: Транснистрија е тесен дел од земјата со големина околу 2.171 квадратни километри која е „заглавена“ меѓу Украина и Молдавија. Во неа живеат околу пола милион луѓе од кои најголем дел говорат руски јазик
  • Историја: Транснистрија прогласи незавидност од Молдавија по двегодишната војна (1990-1992) која избувна за време на распадот на Советскиот Сојуз. Русите се приклучија на страна на Транснитрија, но никогаш не ја прогласија за независна држава. Конфликтот меѓу сепаратистите и молдавската влада беше завршен со примирје во 1992 година, меѓутоа од тогаш во Транснистрија останаа околу 1.500 руски војници
  • Улога во војната: некои воени аналитичари мислат дека Русија планира да се потпре за логистичка поддршка и да ја искористи нејзината стратешка позиција за да воспостави копнен коридор на брегот на Црното Море и на тој начин да го заземе пристаништниот град Одеса во Украина.

Изјавите за Транснистрија се „нетемелни и контрадикторни со позицијата на Руската федерација која ја поддржува сувереноста и територијалниот интегритет на Република Молдавија во нејзините меѓународно признати граници“, изјавија од молдавското Министерство за надворешни работи и европските интеграции, пишува „Си-Ен-Ен“.

За време на состанокот со рускиот амбасадор, додаваат, молдавски официјални лица повторија дека земјата е „неутрална и тој принцип мора да го почитуваат сите меѓународни актери, вклучувајќи ја и Руската федерација“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.